Викендов се извозе една од најлудите трки во историјата на Формула 1. Сè што можевме да видиме на една трка, видовме на „Силверстон“.

Големата награда на Велика Британија ја одбележа тешката несреќа на Гуанју Џоу, чиј болид полета кон трибините, но и бројни други ситуации кои се случија. Така Џорџ Расел беше елиминиран од трката бидејќи сакаше да му помогне на повредениот колега, а Луис Хамилтон повторно се искачи на подиумот пред домашната публика.

Победник е Карлос Саинц, кој во еден момент се тркаше многу енергично со својот тимски колега Шарл Леклер. Шпанецот не сакаше да се откаже од победата иако бодовите многу повеќе би му значеле на Леклер кога е во прашање борбата за шампионската трка, а Ферари уште еднаш покажаа дека не се сигурни кој е нивниот прв возач оваа сезона.

  • Беше неверојатно, тој судар. Фактот дека Џоу успеа да се извлече е неверојатен. Ние некогаш ја критикуваме ФИА, но мора да ги пофалиме за ова. Денес соасија два животи и мораме да ги пофалиме за одличната работа која ја направија, истакна Саинц заблагодарувајќи се на новиот „Хало“ – систем.

Тоа можеше да го искористи Серхио Перез кој го освои второто место, но и Хамилтон кој по голема борба во последните кругови стигна до третата позиција на патека која ја знае и во сон. Шарл Леклер заврши зад Британецот, само на четвртата позиција.

Ова беше уште една импресивна трка за Фернандо Алонсо кој покажа дека класата не е минлива, додека на шестата позиција се најде уште еден Британец, Ландо Норис. Седмото место го освои Макс Верстапен, а осмопласираниот Мик Шумахер дојде до првите боводи во кариерата во Формула 1.

Иако трката беше импресивна, со многу тактики и претекнувања – најмногу ќе се памети самиот почеток. Во судирот меѓу Албон, Расел и Џоу, Кинезот го „извлече“ најдебелиот стап и заврши зад заштитната ограда, а подоцна и во болница.

За среќа, остана без сериозни повреди и веќе е пуштен дома, и тоа благодарение на ореолот (хало-систем) кој веќе неколку години е иновација во најбрзиот циркус на денешницата.

  • Во ред сум, се е добро. „Хало“ ме спаси денес, ви благодарам на сите на убавите желби и пораки, напиша Џоу на социјалните мрежи…