Лондонската берза ја отфрли понудата за преземање од Хонгконг

83

Лондонската берзанска група (ЛСЕ), која е оператор на Лондонската берза, ја отфрли понудата на операторот на Хонгконгшката берза за спојување во вредност од 39 милијарди долари.
Тоа значи дека ЛСЕ групата, сепак, одлучила да остане при планираното купување на провајдер за финансиски информации.
Групацијата ЛСЕ во писмо до операторот на берзата во Хонгконг, изразува загриженост по повод клучните аспекти од изнесената понуда, наведувајќи и дека уверувањата на хонгконгшките компании во врска со брзата имплементација на договорот не се доволно кредибилни.
Според тоа, Управниот одбор едногласно го отфрла предлогот, се наведува во соопштението на операторот на Лондонската берза.
Најновата вест предизвика акциите на ЛСЕ да скокна за 1,3 отсто.