Листа на најдобрите песни во последната деценија

110

Сервисот за „стримање“ на музика Spotify ја објави листата со најслушани песни, албуми и изведувачи во последните 10 години, а открија дека изведувачот чија музика луѓето најмногу ја „стримале“ е Дрејк.

Раперот „собра“ повеќе од 28 милијарди „стримови“, а неговата најпопуларна песна „One Dance“ е пуштена 1,7 милијарди пати. На второ место е Ед Шеран, а следуваат Пост Малон, Ариана Гранде и Еминем.

Најслушана песна на деценијата е „Shape Of You„ од Шеран коај е пуштена 2,4 милијарди пати.

Најслушана песна во 2019 година е „Senorita“ од Шон Мендес и Камила Кабејо. Песната е објавена во јуни, а отогаш е преслушана милијарда пати.

Веднаш зад неа се најде песната од Били Ајлиш „Bad Guy“ со 900 милиони стримови.