Лингард како „карамела“

95

Ривалот од англиската Премиер лига, Евертон, е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на крилниот напаѓач од редовите на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард. На крајот од актуелната сезона репрезентативецот на Англија ќе има статус на слободен фудбалер, а раководните лица на „црвените ѓаволи“ не се премногу заинтересирани за продолжување на соработката. Лингард ќе биде достапен и во јануари, но понудата не смее да биде помала од 15 мил. фунти.