Спортот е толку популарен најмногу благодарение на заложбата на навивачите, односно возбудата што ја чувствувате додека силно посакувате некој да постигне гол или кош, да трча или да плива побрзо, да биде посилен, да скокне во далечина, да поентира на земјена, тревна или тврда подлога…

Но, женскиот спорт има уште една карактеристика што ја тера публиката да биде уште побројна. Спортистките генерално изгледаат одлично, некои се вистински секс-бомби, некои се убави бидејќи ни се „соседки“, но сите заедно изнувуваат воздишки кај машката публика поради својот изглед. Не е лесно да ги одвоите очите од таквата убавина додека истата се движи пред вас, било да е во жило или пред малите ТВ-екрани.

Во тие моменти навивачите се уште погласни и посплотени, бидејќи, рака на срце, спортистките пленат со својата убавина кај и да се појават.

Факт е дека не е лесно да се направи избор од десетте најзгодни девојки во светот на спортот, но дневниот весник Вечер се определи за следните:

Анастасија Лупова – За жал, немаме често можност (речиси никогаш, да бидеме попрецизни) да гледаме натпревар во билијард, особено не кај жени. Но, заради Анастасија, многумина би сакале цел ден да ги гледаат шарените топчиња како се тркалаат.

Ана Сидорова – Интересот за карлинг многу се зголеми кога женската репрезентација на Русија предводена од Ана се појави на мразот. Особено популарноста на овој спорт беше зголемена кога се направи календарот со фотографии од Сидорова на кои беше како од мајка родена.

Мишел Ви – Сместувањето на топка во дупка, реално не е многу интересно да се гледа на ТВ, освен ако не и дојде редот Мишел да погодува. Во тој случај, може да се ужива и во голфот, бидејќи нејзината природна убавина е нешто посебно.

ФОТО: Петр Стојановски

Сања Дамњановиќ – Македонските фанови добро ја познаваат згодната Земунка, која до пред неколку години ги бранеше боите на ракометниот клуб Вардар. Дамјановиќ неодамна се омажи и сега е Вујовиќ, a за вардаровите навивачи секогаш ќе биде една од најпожртвуваните девојки на теренот. Со неа, „црвено – црните“ одиграа два Ф4 турнири во Лигата на шампиони.

Ивана Шпановиќ – Според многумина Ивана важи за една од најсексапилните спортистки на денешнивата, па затоа и во нашиот избор се најде на оваа посебна листа. Покрај одличните резултати, згодната Србинка плени со својата убавина каде и да се појави. Таа е европски шампион во сала и на отворено, а беше бронзена на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Лина Ѓорческа – И покрај тоа што во светот на тенисот има многу згодни девојки, како Ежени Бушар, Габрине Мугуруза, Елина Свитолина, сепак, за нас, Лина Ѓорческа секогаш ќе ни биде на прво место. Сексапилната македонска тенисерка до сега во кариерата освои десетина ИТФ – трофеи во сингл, додека над 40 во двојки. Затоа, Лина ќе ни биде на прво место на оваа листа на најсексапилни спортистки.

Ивона Дадиќ – Сексапилната Австријка, која по потекло е од Хрватска, се натпреварува во седмобој и бележи одлични резултати. Таа на десет години се преселила во Австрија, па поради тоа ги брани боите на таа земја. Каде и да се појави, атрактивна Ивона со своите долги нозе изнудува воздишки на трибините. Руските медиуми неодамна ја прогласија за најубавата спортистка на сите времиња, иако оваа земја во минатото имаше безброј згодни натпреварувачки.

Пејџ Спиранаќ – Иако својот последен настап го имаше во 2016 година, американската голферка, постојано им го пренесува своето знаење на луѓето кои сакаат да научат некои потези од овој спорт.

Пејџ ван Зант – Натпреварувачката во мува категорија во УФЦ важи за најатрактивна девојка кога се во прашање девојките во октагонот, па затоа се најде наа оваа листа на згодни девојки. Таа постојано е активна на социјалните мрежи, па затоа машката полпулација го следи секој незин чекор, а често пати може да се израдудува на некопја провокативна фотографија спорелена од Пејџ.

Лерин Франко – Секако, не смееме да ја заборавиме ниту Лерин Франко. Фрлањето копје дефинитивно не е меѓу популарните спортови во светот, но Франко е девојка чии настапи се следени со огромно внимание, особено од страна на машката публика. Парагвајката по завршувањето на својата кариера се префрли во светот на манекенството и актерството, каде одлично и оди.