Лиле Стефанова не се согласува Камчев да добие пасош

153

 

Сега Судот треба да пресече дали ќе го земе предвид мислењето на Стефанова или основаноста на барањето на осомничениот во „Империја“, Орце Камчев, пренесува Алсат.

Инаку, Камчев беше под истрага на СЈО за перење пари. Беше и во притвор, но со позитивно мислење од згаснатото СЈО тој излезе од Шутка, а потоа повторно со амин на СЈО му беше издаден времен пасош.

„Империја“ сега е во рацете на редовното обвинителство, а случајот повторно го води Лиле Стефанова, која доби овластување да го застапува предметот од Републичкиот Обвинител.

Обвинителството тврди дека „Империја“ не е мртва и дека се преземаат дејствија.