Лила сведочеше: Не сме веќе пријатели со Боки 13

260

„Не сум скарана, но веќе не сме пријатели со Бојан Јовановски“, вака го започна своето сведочење Лила Стојановска во судница за предметот „Рекет“. Откако беше отворена неговата телевизија дадов донација од 25.000 евра, а подоцна дадов и позајмица од 500.000 денари за 1ТВ“, изјави денеска во суд водителката Лила.

Таа вели дека често оделе на викенди заедно со Боки 13 и Сергеј Варошлија. Според нејзиното сведочење, Бојан Јовановски бил организатор на одморот и тој ќе го плател.

– Со Јовановски сме биле на неколку викенд одмори. Денот кога бевме вратени од граница беше планирано да одиме заедно со уште две лица на Миконос, вели таа.