„Ликовните предели“ – изложба на Драган Најденовски во Прилеп

47

На 7 август, од 19:30 часот во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата на слики „Ликовните предели“ од уметникот Драган Најденовски.

„Симболично и модерно е ликовното творештво на Драган Најденовски. Секоја негова слика е светлина и реална, но и далеку поапстракна што зрачи и осветлува скриени ликовни простори од ова поднебје. Тие се прекрасни предели во замислената иреална ‘Ливада на музите’, бајковито насликани со филозофско-фантастичен набој со магичен и метафоричен ликоен израз силно и цврсто потпрени на имагинацијата на авторот. Поетизам, лиризам, естетизам, складност на бои, сè е збрано во овие слики од најновото ликовно творештво на Најденовски презентирани на оваа ликовна изложба. И сето тоа зборува за неговите уметнички вредности, за неговиот ликовен стил и израз, автетичен и препознатлив“, ќе посочи писателот Панде Манојлов кон изложбата на  Најденовски, член на ДЛУМ и кој има реализирано над 40 самостојни изложби, а бил учесник на многу групни изложби, ликовни колонии и графички манифестации во Македонија и светот.