Ликовна колонија: Во Галичник ќе творат 11 уметници од осум земји

126

Во Галичник започна 30 интернационална Ликовна колонија која ќе трае до 22 август, со учество на 11 уметници од повеќе земји.

На колонијата е предвидено да учествуваат Симоне Хујамнс и Мари ван Воленхофен од Холандија, Селма Џулизаревиќ и Бранимир Карановиќ од Србија, Софија Грегоријаду од Грција, Улф Лундин од Шведска, Даниел Дресел од Германија, Лин Куасаи од Англија, Хелидон Ѓерѓи од Албанија, САД и Зорица Зафировска и Атанас Атанасоски од Северна Македонија.

За време на колонијата ќе се одржат две јавни презентации на кои уметниците ќе се претстават пред локалната јавност.

Во октомври ќе се организира ретроспективна изложба „30 години Ликовна колонија Галичник“ во Мала станица, на која ќе бидат претставен селектиран избор на дела од сите досегашни сесии на колонијата, а ретроспективата ќе биде проследена и со монографија.