Лидерот на Хезболах негира вмешаност во експлозијата во Бејрут

24

Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, денеска ги негираше тврдењата дека неговото движење е одговорно за експлозијата во пристаништето во Бејрут.

Тој рече дека експлозијата сведочи за непотизам и корупција, кои не смеат да се игнорираат во Либан и оти одговорните треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Сепак, Насралах не ја исклучи можноста дека станува збор за ракетен напад или саботажа.

Извор:МИА