Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов излезе од истражниот затвор

42

Лидерот на бугарската политичка партија ГЕРБ Бојко Борисов вечерва е пуштен од притвор откако му истече 24-часовниот притвор, јави дописникот на МИА од Софија.

Тој рече дека не бил обвинет и дека цивилната полиција му кажала дека треба да биде приведен. „Загрижен сум следниот пат да не ме убијат“, додаде тој. Ослободени се и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и портпаролката на поранешната влада на Борисов, Севдалина Арнаудова. Од бугарското МВР коментираат дека нивната акција била спроведена со целосно почитување на законот и лицата против кои се преземени процесни и истражни дејствија.