Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс запишаа нова победи, а натпреварот во Орландо влезе во историјата на НБА лигата како првиот во кој судеа две жени.

Леброн Џејмс постигна 46 коша во победата на ЛА Лејкерс на гостувањето кај неговиот поранешен клуб Кливленд со 115:108, а Ентони Дејвис додаде 17 поени на денот кога се одбележуваше годишнината од трагичната смрт на легендата на клубот Коби Брајант, кој точно пред една година загина во хеликоптерска несреќа.

Натпреварот на Орландо против Шарлот, кој го добија „магичните“ со 117:108, влезе во историјата на лигата, бидејќи првпат судеа две жени, Натали Саго и Џена Шредер.