Иако многумина сметаа дека Гага e главниот виновник за разделбата помеѓу Бредли Купер и Ирина Шајк, работите се променија кога пејачката беше фотографирана со новото момче Даниел Хортон, па скандалот врзан за неа и Бредли полека стивна.

Но, странските медиуми сега пишуваат дека Лејди Гага сето ова време била само одличен параван на Бредли, кој е во врска со актерката Џенифер Гарнер.

Џенифер, инаку поранешна сопруга на Бен Афлек, наводно била забележана како изгледува од домот на Бредли во Лос Анџелес.

-Претходно овој месец Џенифер била видена како доаѓа во домот на Бредли на “таен состанок”, а нивната врска цвета од ден во ден, изјавил неименуван извор.

Инаку, Џенифер и Бредли се запознале и зближиле на снимањето на серијата “Alias” уште во 2001 година.

За потсетување, Гага неодамна ја одбила улогата во биографскиот филм за американскиот композитор Леонард Бернстин, на кој работи Бредли Купер.

-Лејди Гага нема да има улога во новиот филм, рекол извор близок до пејачката и Бредли.