Лесна и за приготвување, и за јадење:Воздушеста пита со туна

56

Мислите дека сте зависници од тесто, а се обидувате да го избегнете по секоја цена-тогаш овој рецепт е совршен за вас. Воздушесто лиснато тесто со освежително полнење од туна. Во комбинација со јајцата и павлаката добивате богат, а лесен оброк.

Потребно е:

  • 1 пакување замрзнато лиснато тесто
  • 300 гр конзервирана туна
  • 6 јајца
  • сол
  • 1 дл павлака
  • црн пипер

Подготовка:

Одмрзнете го тестото и поделете го на два дела. Исцедете ја рибата од маслото и добро изгмечете ја. Сварете четири јајца, излупете ги и исечкајте ги, па измешајте со туна. Додадете две жолчки и крем. Изматете ги белките во цврста пена, нежно измешајте ја во подготвената смеса, посолете и побиберете. Покријте го плехот со едниот дел од тестото, истурете го филот и покријте го со другиот дел од тестото. На неколку места избоцкајте го тестото со вилушка и печете ја питата околу 30 минути.