Пилотот на Ферари, Шарл Леклер, сепак ќе биде казнет заради инцидентот што го направи за време на трката за ГН на Јапонија, на патеката Сузука. Леклер на почетокот од трката од патеката го истурка пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен. Пилотот од монако по овој инциден не скаше да замине во боксот, додека возачот на Ред Бул мораше да се повлече од трката.

Иако прво беше најавено дека инцидентот нема да биде под истрага, на крајот одлучено е спротивно. По се донесен е заклучок дека Леклер е виновен за инцидентот со што е казнет со пет секунди. Бидејќи ја продолжи трката со очтетен болид казнет е со уште десет секунди, додека Ферари ќе мора да плати 25.000 евра.

Заради сите казни пилотот од Монако трката официјално ја заврши на седмото место, иако низ целта помина како шести.

Од друга страна холандскиот пилот во Формула 1, Макс Верстапен го обвини Шарл Леклер за неодговорно возење.

– Шарл одеднаш се удри во задниот дел од мојот болид. Од моја гледна точка, не мислам дека би направил нешто поразлично во тој случај. Стјуардите не планираа ниту да го испитаат случајот, а мојот автомобил беше целосно уништен. Од другата страна, автомобилот имаше само мали дупки. Ми се допаѓаат тешките трки, но ова не беше баш таква. Тоа беше неодговорно возење, изјави Верстапен.