Легендата живее: Постхумниот албум на Коен на врвот на топ-листите

122

Постхумниот албум „Благодарам за танцот“ (Thanks for the dance) на Леонард Коен (1934-2016),  дебитираше со прво место на топ-листите на најдобри албуми во неговата родна Канада.

Албумот “Thanks for the dance“ исто така се најде и на првото место на топ листите на најдобри албуми во Белгија, Данска, Германија, Холандија, Норвешка и Швајцарија.

Леонард Коен, кој е роден во Монтреал, Канада, е една од најдолговечните културолошки икони во модерната музичка историја, а неговата музика, поезија и проза продолжуваат да влијаат и да ја инспирираат публиката ширум светот.

Коен ја објавува својата прва збирка поезија во Монтреал во 1956, а својот прв роман во 1963 година. Неговото творештво најчесто ја истражува религијата, осаменоста, сексуалноста, како и сложените меѓучовечки односи.