Левица поднесе 102 тужби до Управниот суд

52

Левица денеска поднесе 102 тужби за заштита на избирачкото прaво на подносителите на листите во Управниот суд, oткаде што информираат дека дополнително ќе соопштат кога ќе се одржат јавните седници по тужбите.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од ДИК за отфрлање или одбивање на поднесените приговори.