Најдобриот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс, имаше прилично интересна изјава по победата на неговиот тим Лос Анџелес Лејкерс против Мајами со 116:98 во првиот меч од финалната серија во НБА лигата.

Леброн повторно беше маестрален, му требаше само една асистенција за да забележи нов трипл-дабл во плејофот. Натпреварот го заврши со 25 поени, 13 скока и 9 асистенции.

Популарниот „Крал“ веќе го остави зад себе првиот натпревар и е максимално фокусиран на следниот меч, бидејќи не сака да дозволи да се повторат некои грешки што ги имаше во минатото.

Имено, Леброн за прв пат призна дека не може да се помири со еден пораз во вториот натпревар од последната серија, кој го доживеа додека играше за Мајами во 2011 година. „Жешките“ во тоа време играа против Далас и славеа убедливо на првиот натпревар, сепак, во вториот меч Маверикс стигнаа до победата која беше клучна за целосен пресврт и освојување на титулата.

  • Тој пораз и денес „ме јаде“. Далас не прегази во тој меч и направи одличен кам-бек. Имам искуство со играње во финале, па знам како да реагирам. Не сакам повеќе да си дозволам некои работи, затоа сум тука каде што сум, истакна Леброн.

Инаку, „езерџиите“ беа подобри во поголемиот дел од првиот меч и на крајот сосема заслужено дојдоа до стартна победа во серијата до четири триумфи. Покрај Леброн, во тимот на Лејкерс се истакна и Ентони Дејвис со 34 поени, додека на спротивната страна Џими Батлер придонесе со 23 поени, но воедно и се повреди. Во редовите на Мајами се повреди и Горан Драгиќ.