Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја совладаа Оклахома со 112:107, најмногу по заслуга на Ентони Дејвис кој постигна 34 поени и Леброн Џејмс кој имаше трипл-дабл од 25 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

За Лејкерс ова беше 12 победа сезонава со која се зацврстија на првото место во Западната конференција. Инаку, со ова достигнување „Кралот“ стана единствениот кошаркар кој успеал да им даде трипл – дабл на сите тимови во НБА лигата. Т

ој сега е петти играч во историјата по бројот на вакви достигнувања, а пред него се Оскар Робертсон, Расел Вестбрук, Меџик Џонсон и Џејсон Кид, но ниту еден од овие не успеа да запише трипл-дабл против сите 30 тима во најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување.

Резултати: Мемфис – Голден стејт 95:114, Њу Орлеанс – Портланд 115:104, Сакраменто – Феникс 120:116, ЛА Лејкерс – Оклахома 112:107.