Кошаркарот на Шарлот, Ламело Бол, е избран за најдобар дебитант во НБА лигата, пишува новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски, кој ретко греши кога се во прашање информациите поврзани со најсилната кошаркарска лига.

Ламело Бол беше трет избор на минатогодинешниот драфт и имаше фантастична сезона во дресот на Шарлот постигнувајќи по 15.7 поени, 6.1 асистенции и 5.9 скокови по натпревар и е еден од најзаслужните што екипата го освои 10 место во Источната конференција и играше во плејин турнирот каде беа елиминирани од Вашингтон.