Ракометарите на Еурофарм Пелистер се поразени на гостувањето кај германскиот Рајн Некар Левен со 28:20 во рамки на новоформираното натпреварување од ЕХФ, Европската лига.

Фаворитот во групата го запиша триумфот. Половина од првиот дел битолчани беа конкурентни, но потоа „лавовите“ ја казнија секоја грешка и избрзана одлука во нападот, па си го трасираа патот до посакуваната победа, втора во новата сезона во ова натпреварување.

Најдобар кај „лавовите“ беше Вајгел со седум гола, пред Генсхајмер со шест. Кај   македонскиот тим Периќ даде пет, пред Мараш со четири, а Велковски заврши со три реализации.

Наредниот натпревар Еурофарм Пелистер во Европската лига на ЕХФ е на гостински терен во Словенија, кај Тримо Требње.