Кутиров: Ниту еден од автобусите на „Беса Транс“ не бил електронски евидентиран во системот кога ја поминувал границата

155

– Исто како и кобниот автобус, вечерта на 18 према 19 поминале уште 3 автобуси на „Беса транс“ и за нив немаме евиденција во системот, имаме сочувано патен лист, интербус и патна листа и тоа е уште една причина дека имало одредено несовесно постапување, односно немало соодветна евиденција согласно процедурата. Самата постапка предвидува дека превозникот е должен да прилози сет на документи и еден од тој сет е лицената. Не значи дека колегите ги побарале, тие тврдат дека ги побарале и врз основа на тоа се должни да извршат евиденција во системот. Недостасува електронската евиденција во системот. Ние не држиме копија од тие документи, туку ни е обврска да држиме заверена копија од превозот на патници. Според изјавите на службениите таа вечер системот работел бавно и не успеале да извршат евиденција. – рече Кутиров.