Кулибали партнер на Рамос

55

Сенегалскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Калиду Кулибали, е најновата желба на раководните лица на францускиот гигант ПСЖ. Популарните „светци“ се во потрага по централен дефанзивец кој треба да биде партнер на шпанскиот интернационалец Серхио Рамос. Големата желба на ПСЖ ќе стане реалност само доколку официјалната понуда за Кулибали не биде помала од 70 мил. евра.