Кошаркарот на МЗТ Скопје, Кеандре Кук е прогласен за најкорисен играч во 18. коло на регионалната АБА-лига.

Кук доминираше на теренот во „Јане Сандански“ во саботниот натпревар на македонскиот шампион против Цедевита Олимпија. За помалку од 25 минути поминати на теренот Кук постигна 26 поени, пет скока, една асистенција и една украдена топка и направи индекс на корисност 31.

Ова беше втор натпревар на Кук во АБА лигата по неговото доаѓање во Скопје, но на првиот (против Партизан) се повреди по само неколку минути и предвреме го заврши мечот.