Круните на високатниците светнаа во сино

115

Со осветлување на круните на висококатниците на „Џевахир Скај сити“, во сина боја, компанијата „Џевахир Холдинг“ даде свој придонес во одбележувањето на меѓународниот ден на детето, но и поддршка на целта на светската кампања на УНИЦЕФ за промовирање на правата на децата и борбата за нивната добросостојба.

-За нас, најмладите се центарот на светот. Со осветлувањето на круните на нашите згради во препознатливата сина боја, сакаме да придонесеме да се слушне гласот на децата, да мотивираме нивна поголема заштитаи создавање услови каде тие би го исполниле својот потенцијал, но најмногу од сѐ да им покажеме дека заслужуваат среќно, безгрижно и здраво детство”– изјавија од Џевахир Холдинг.

Годинешниот Светски ден на децата е особено значаен поради тоа што одбележува јубилеј од 30 години од Конвенцијата за правата на децата – 30 години УНИЦЕФ ги трансформира животите на најмладите ширум светот.

-Во исто време Конвенцијата претставува и потсетник дека уште многу треба да се направи за сегашните и идните генерации. Доколку правата на децата се кршат, последиците влијаат на сите, како по животот на децата, така и за развој на заедниците и општествата во целина-соопштија од „Џевахир Холдинг“.