Крај на кариерата: Сандра Булок одлучи да се повлече од светот на актерството

3808

Холивудската актерка Сандра Булок ги изненади сите кога во интервју за „The Hollywood Reporter“ откри дека решила да се повлече од светот на глумата. Имено, актерката изјавила дека ужива во идејата да креира сопствен распоред на обврски и дека сака да работи исклучиво за себе.

„Јас сум целосно ‘прегорена’. Толку сум уморна што не можам да носам здрави, паметни одлуки и свесна сум за тоа“, изјавила актерката. Сандра истакна дека е многу благодарна за успехот што го постигнала, но отсекогаш била загрижена како популарноста ќе влијае на нејзиниот приватен живот.

„Секогаш работев, па имав среќа. И сфатив дека бизнисот стана моја патерица. Тоа беше како постојано да го отворате фрижидерот и да барате нешто што никогаш не било во него“, рече таа и додаде дека мора да зборува со себе за сопствениот успех.

„Си реков: Престани да бараш. Веќе го имаш и не треба повеќе потреба повеќе да се докажуваш. Мора да бидеш добра и без работата што ти треба како потврда за тој успех“, рече Сандра и зборуваше за соработката со продуцентката на филмот „Изгубен град“, Лиза Чејсејн.

„Ако си заминам, тоа да биде со вистинската личност“, рече Булок, која ја играше Лорета Сејџ во оваа авантуристичка комедија и беше еден од продуцентите. Филмот заработи скоро 190 милиони долари во кината ширум светот.

Во последниве години, покрај актерството, Булок го зголеми своето богатство, проценето на околу 250 милиони долари, како продуцент на голем број успешни проекти, и филмски и телевизиски.

Актерката изјавила дека не знае дали некогаш ќе се врати на актерството, но дека сигурно нема да биде присутна подолг период.