Кој има толку време за да направи таков транспарент?!

92

Францускиот претставник, Олимпик од Лион, одигра 2:2 против РБ Лајпциг, и благодарение на среќното реми обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони. Сепак, дуелот во Лион, најмногу ќе се памети по обидот за физичка пресметка помеѓу фудбалерите на Олимпик и фановите на истиот клуб. На крајот од натпреварот, еден фан на Лион влезе на зелениот терен и развиори транспарент на кој пишуваше Марсело и беше нацртано едно магаре.

Транспарентот беше наменет за фудбалерот на Лион кој влезе во вербална војна со навивачите по дуелот со Бенфика. Капитенот на Лион, Мемфис Депај веднаш го примети транспарентот и се обиде физички да се пресмета со навивачот. Веќе во следниот момент во теренот влетаа уште неколку навивачи, а Депај доби помош од своите тимски колеги.

  • Многу сум лут. Не игравме најдобро, но се пласиравме. Дадовме сè од себе. Инцидентот? Што да се очекува од игрaчите кога навивачите не поддржуваат некого од нас? Кој има толку време за да направи таков транспарент? Луѓето одат на работа, имаат деца, кој има време да нацрта магаре? Ако имаш време за такво нешто, тогаш имаш време и да правиш нешто подобро во својот живот. Плукаа по нас, никогаш во животот немам видено вакво нешто. Пополека се смирувам, ваквите ситуации ме потсетуваат на моето минато, а јас не сакам да бидам таков човек. Сега сум помирен, но немам зборови за ова што се случи, изјави Депај.