Кој ги е*е, ако им треба виновник, тука сум јас

81

Ромелу Лукаку не крие дека нема големо мислење за својот поранешен клуб, Манчестер Јунајтед, чии челници не застанаа во негова одбрана кога најверните фанови го критикуваа поради прикажаните игри во изминатите две години.

Репрезентативецот на Белгија беше купен во 2017 години од Евертон за 85 мил. евра, а во изминатите две сезони одигра 96 натпревари, на кои постигна 42 погодоци. Сепак, таквиот негов ефект не беше доволен за раководните лица на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига.

Напаѓачот ќе биде запаметен како пропадната инвестиција, неефикасен пред противничкиот гол и неподвижен на зелениот терен. Затоа, двете страни беа пресреќни кога беше постигнат договор со италијанскиот калчо гигант Интер кој одвои околу 80 мил. евра за неговото обесштетување.

  • Мораа да пронајдат жртвено јагне. Тоа беа јас. Ако не сум јас, тогаш е Погба или Санчез. Сепак, јас не бев единствениот кој играше лошо. Голем беше бројот на фудбалери кои не играа на потребното ниво, но мораше да се најде дежурен виновник, а тоа бев јас, изјави Лукаку.

Поранешниот фудбалер на Андерлехт, Челзи и Евертон, откри дека нема позитивно мислење ниту за најверните фанови на „црвените ѓаволи“.

  • Кој ги е*е, ако на навивачите на Јунајтед им треба виновник, тука сум јас. Сите зборат сè и сешто, а јас можам само да се насмеам. Како е можно да бидам толку по*рано лош кога играм за клубот, а толку сум добар кога играм за репрезентацијата и со истата тактика јас постигнувам четири погодоци на СП 2018? Или ср*ње е тоа да постигнеш четири погодоци на два натпревара, додаде Лукаку.

На крајот Белгиецот се пожали дека имало и кодоши во соблекувалната на Јунајтед.

  • Од каде тоа цело ср*ње за мене завршуваше во медиумите? Сигурно дека не е мое дело, ниту пак на мојот агент. Затоа им кажав дека не сакам да видам во клуб во кој никој не ме сака, заврши Лукаку.