За најголемата збирка кукли Барби во светот, веќе 26 години се грижи колекционерка од Германија/видео

60

Бетина Дорфман од Германија ја има најголемата колекција на кукли Барби во светот. Оваа колекција на кукли Барби во светот се наоѓа во Дизелдорф, Германија ( Бетина почнала да ги собира пред 26 години, а денес нејзината колекција брои 18.000 барбики, пренесува Дојче Веле.

Бетина Дорфман имала шест години кога нејзините родители во 1967 година и ја дале првата кукла Барби на својата ќеркичка.

„Таа не беше само кукла, туку и пријател“, се сеќава Дорфман.„Како што се испостави, таа беше доживотна пријателка“, изјави Дорфман за Дојче веле.

Колекционерката од Дизелдорф пет пати до сега има влезено во Гинисовата книга на рекорди, како личност која поседува најмногу барбики со речиси 18.000 кукли. Таа е и горда сопственичка на оригиналната (и многу ретка) кукла Барби од 1959 година.

Во средината на 1980-тите, Дорфман изложуваше Барбики во нејзината новоотворена продавница за мода за жени. Се испоставило дека нејзините клиенти повеќе се заинтересирани за кукли отколку за облека, па таа била принудена да ја затвори продавницата.

Некои од куклите биле преместени на полиците во нејзината дневна соба пред конечно да бидат сместени во просторија наменета само за нив. Други, оставени во нивните кутии, беа наредени и складирани на таванот или складот.

„Мојата колекција е создадена кога ги извадив куклите од таванот и  тие многу убави спомени од детството. Сакав да и ги дадам на ќерка ми, но таа не сакаше. Тогаш сфатив дека куклите се одраз на нашето време. Малку по малку почнав да ги обновувам и склопувам моите кукли, посетував битпазари, се распрашував и почнав да ја проширувам колекцијата“, изјави Бетина за медиумите.

„Не е толку лесно да се исчисти голема колекција, бидејќи е со кукли Барби како со поштенски марки. Штом некој дел е оштетен, тој е нецелосен. Навистина сè треба да биде во одлична состојба и треба да внимавате винилната мешавина да не се оштети од прашина. Потоа треба да се грижите за тоа како ги чувате и секогаш треба да ги проверувате. Веќе има надградби на пластика и така натаму“, им објасни еднаш таа на новинарите.

Дорфман, исто така, почна да поправа кукли во единствената германска продавница за поправка на Барби, клиниката Барби.

Покрај тоа, таа започна да организира изложби на тема Барби, кои беа многу успешни во Германија и пошироко.

Ги спакувала куклите и отишла на турнеја девет години, прво во Кина две и пол години, а потоа и во Европа.

Бетина Дорфман сака да организира изложби, од кои најновата е „Зафатена девојка – Барби напредува“ со фокус на тоа како се менувала пластичната кукла во текот на нејзината 60-годишна историја.

Денес, Дорфман работи во музејот за кукли и играчки во Ратинген, западна Германија.

Таа позајмува ретки кукли Барби за различни настани, има напишано пет книги и многу статии во професионални списанија и е сеопфатен авторитет за куклите Барби.