Наредниот месец македонската машка сениорска репрезентација ќе одиграат два натпревара во рамки на првиот ФИБА прозорец од квалификациите за Европското првенство за 2021 година.

Сениорите ќе се подготвуваат неколку дена во Скопје, во А1 арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде ќе го одиграат натпреварот на домашен терен против Естонија, а три дена подоцна ќе си ги одмерат силите со Русија на гостински терен во Перм.

Селекторот Александар Тодоров, го одбра својот тим со кого ќе соработува во овој двегодишен евроквалификациски циклус, а за психичкото здравје ќе се погрижи деканот на ФФОСЗ (Факултет за физичко образование, спорт и здравје), Проф. д-р Ленче Алексовска-Величковска.

Поранешната кошаркарка која своевремено ги бранеше националните бои ќе биде дел од тимот на Тодоров кој ќе се погрижи за беспрекорен настап на кошаркарите.