Поранешниот репрезентативец на Југославија, а подоцна и на Србија и Црна Гора, Милан Гуровиќ, е приведен од белградската полиција, јавуваат медиумите од северното соседство, а причина за тоа бил фактот што ги претепал сопругата и малолетната ќерка, која има само 16 години.

Инаку, Гуровиќ е поранешен кошаркар на Партизан, Црвена звезда, Барселона, Уникаха, Галатасарај, а беше еден од најзаслужните на златниот медал на некогашна СРЈ на Мундобаскетот во Индијанаполис во 2002 година, а во своите витрини има и злато од ЕП 2001 и бронза од ЕП 1999.