Кенискатаатлеричарка Бригид Косгеи постави ново најбрзо време во маратон во женска конкуренција. Дваесет и петгодишната Косгеи маратонот во Чикаго, во должина од 42,2 километра го истрча за два часа, 14 минути и четири секунди и за повеќе од една минута го надмина рекордот на Пола Редклиф од Лондонскиот маратон во 2003. Косгеи славеше во Лондон оваа година, при што стана најмладата победничка на сите времиња.

-Многу сум среќна, не го очекував. Но, чувствував како моето тело се движи и движи и решив да одам по рекордот, изјави Косгеи.

Светскиот рекорд на Пола Редклиф беше најдолговечниот рекорд во маратон досега во двете конкуренции.