Короната коси: Починаа 41 лице, меѓу нив млади на возраст од 18, 23 и 31 година

2970

Според последниот ковид пресек во земјата се направени 5.589 тестирања, а регистрирани се 539 нови случаи Ковид-19.

Починале 41 лице, додека 245 пациенти оздравеле, информираше Министерството за здравство, а согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од пријавените 41 лице, 36 се починати во болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови. Најмладиот починат има само 18 години, а меѓу починатите има и лице од 23 и 31 година.

Најголем број новозаразени има во Скопје – 274 случаи, Куманово – 52, Кавадарци – 25, Велес – 17, Прилеп – 15, Битола и Штип –по 14, Кочани – 13, Тетово – 12, Охрид – 11, Гостивар – 8, Струмица,  Кичево и  Радовиш – 7…додека најмалку, односно по еден заразен има вво Берово, Пехчево и Македонска Каменица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.248.079 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.549 бројката на оздравени пациенти е 166.851, на починати е 6.437, а бројот на активни случаи изнесува 13.261.