Коронавирус во регионот: Црна Гора статистички „гори“, Хрватска предупредува на колапс на здравствениот систем

368

Короната продолжува да се шири во земјите од регионот. Црна Гора се најде на незавидно прво место по бројот на новозаболени на 100.000 жители, односно најлоша во Европа, од почетокот на пандемијата на ковид-19.

Според податоците од 16. октомври, Црна Гора има 2.385 регистрирани случаи на коронавирус на 100.000 жители.

Хрватската влада предупреди на колапс на здравствениот систем поради големиот број новозаразени. Во Хрватска, каде што бројот на заразени во последните три дена надминува 1.000, според последните податоци, во недела опаднал на 819 нови случаи и осум смртни случаи, а тестирани се нешто помалку од 5.000.

Хрватската влада во петокот апелираше до граѓаните во врска со опасноста од колапс на здравствениот систем и ги повика граѓаните да се придржуваат кон мерките против ширење на инфекцијата.

Во изминатите 24 часа, во Србија беа потврдени 214 нови случаи на коронавирус, на основа на 3.325 тестирани примероци, а две лица починаа.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратор има 24 пациенти во болниците низ Србија, 390 пациенти се хоспитализирани. Во Србија досега има вкупно 36.260 заразени, 776 починале, а 1.236.184 се тестирани.

Ова е петти ден по ред во Србија како се регистрираат над 200 новозаболени лица.