Концертна изведба на „Шехерезада“ од Корсаков во НОБ

35

Оркестарот на Националната опера и балет вечер од 20 часот концертно ќе го изведе балетот „Шехерезада“ на Николај Римски Корсаков, под диригентство на Бисера Чадловска.

„Оркестарот на еден поинаков начин ќе ја преточи оваа безвременска бајка, преку прекрасната музика која води во светот на ориентот“, соопшти НОБ.

Настанот ќе се одржи со почитување на здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19, а влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот.