Концерт на јапонско-хрватскиот пијанист Томохиро Адачи во Охрид

93

Јапонско-хрватскиот пијанист Томохиро Адачи вечер во црквата „Света Софија” во Охрид ќе одржи концерт во организација на Националната установа „Охридско лето”.

Адачи дипломирал на Академијата за музичка уметност на Универзитетот во Загреб.

Добитник е на награди на Интернационалниот музички натпревар „СЕИЛЕР”, на Меѓународниот музички натпревар „Јоханес Брамс”, на Интернационалниот натпревар за пијано „Камило Тоги”, на Меѓународниот натпревар за пијано „Антон Рубинштајн”, како и на Рома меѓународниот натпревар за пијано. Основач е на јапонско-хрватското музичко друштво во Токио и негов претседател.

Од „Охридско лето” велат дека и годинава продолжува практиката да се одржуваат концерти на класична музика во текот на целата година со цел да се збогати културната понуда во градот и државата и да се презентираат добри уметници од светот на класичната музика.