На програмата на фестивалот „Златна лира“ во Музејот на македонската борба, вечер со почеток од 20 часот е концертот на триото „Ад Либитум“ во состав на Силвана Чулева Атанасова – флејта, Лазар Соколов – кларинет и алт саксофон и Емилија Кабранова Филипова – пијано.
Како што информираат од Сојузот на музичките уметници на Македонија – СМУМ, на програмата се дела од Адриен Алберт, Чарлс Коехлин, Чик Кореа, Хауард Блејк и Расел Петерсон.
Триото е формирано во 2015 година, а во својот широк репертоар составот има композиции од сите музички епохи, оригинални композиции, транскрипции, обработки, модерни и современи композиции.
Во биографијата на „Ад Либитум“ е забележано и едно аудио издание, снимено во МРТВ