Концерт: „Меѓу срцето и умот“ со рускиот виолинист Глузман

76

„Меѓу срцето и умот“ е наслов на концертот на Вадим Глузман, исклучителниот руски виолинист, еден од најдобрите инструменталисти на светската музичка сцена, што ќе се одржи во четврток (20 часот) на сцената на Филхармонијата.

Глузман на 16 години се преселил во Израел каде што учел виолина кај славниот Исак Штерн. Свири на исклучителен инструмент „страдивари“, кој некогаш му припаѓал на големиот унгарски виолинист и педагог Леополд Оер.

„Неверојатно добро е да се свири на инструмент, чиј звук го имале предвид Чајковски и Глазунов кога си создавале своите виолински концерти. Овој исклучителен инструмент на своите часови го слушале колосални виолинисти како Јаша Хајфец, Нетан Милстајн и Миша Елман. Тоа за мене е апсолутно инспиративно и посебно. Чувствувам како да се затвора историскиот круг и во исто време како да го пренесувам факелот кон новите генерации кои допрва доаѓаат“, вели Глузман. Тој ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар оп.64 од Феликс Менделсон, едно од најизведуваните дела во виолинската литература.

На програмата е и Симфонијата број 5 од Сергеј Прокофјев.

Овој концерт со атрактивна програма и солист ќе го води Михал Нестерович од Полска.