Конститутивна седница на националниот Агро Совет

23

Во Владата денеска ќе одржи конститутивна седница на Советот за земјоделство и рурален развој.

-На предлогот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата донесе Одлука за повторно активирање на Советот за земјоделство и рурален развој. Овој Агро Совет првпат е основан во 2012 година, но ниту еднаш досега не заживеал во формата за која е создаден со Законот за земјоделство и рурален развој, информираат од МЗШВ.

Во Агро Советот учестуваат претседателите на постојаните потсекторски групи, претставник од три најголеми национални здруженија на земјоделски производители, потоа, претставници на здруженија на преработувачи, на стопанските комори, на високообразовните институции од областа на земјоделството, на здружение на потрошувачи, како и претставници од здруженијата на единиците на локаланта самоуправа и здруженијата за заштита на животната средина.