Се расчистуваат сливниците во Ѓорче Петров      

506

По вчерашното невреме кое ја зафати Општина Ѓорче Петров веднаш на терен излегле екипите на Комуналниот пункт на Општина Ѓорче Петров во координација со Пожарна Скопје и екипите на јавното претпријатие „Воовод и канализација“ и делуваат на критичните места.

Како што информираат од Општина Ѓорче Петров, се работи на сливниците за атмосферска канализација, а пожарната единица делува со пет тима на терен, општината располага со две пумпи и истите се активирани за поддршка на активностите.

Активностите ќе продолжат со цел брза санација на последиците.

Од фотографиите може да се види дека улиците во Ѓорче Петров се поплавени, а жителите реагираат дека одводот е во многу лоша состојба.

-Невреме виша сила, ама факт е дека одводот е во катастрофална состојба и не може да прифати посилен доќд, а и народот си фрла во шахтите се и сешто, па и тие се затнуваат. Главните одводни цевки се од по земјотресот инсталирани, а колку повеќе ѓители има оттогаш – коментира Зоран Крстевски.

Бојан Боле Тодоровски вели дека ова се вика после свадба трапани.

-Раскопајте се. Нови цевки поголеми, нови шахти и нема да има вакви проблеми – апелира тој.

Анамарија Каре пак смета дека мора редовно да се чистат шахтите.

-Имаме тротоар со бекатон плочки кој по нецела година пропадна целиот. Целата улица се претвора во река. Мора редовно одржување, па и нови цевки доколку е потребно – реагира таа.

По вчерашното невреме и силниот ветар што го зафати Скопје екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во текот на попладневните часови интервенираа на локациите по пријави за паднати дрвја и гранки.

-Се интервенираше до доцните веќерни часови и тоа на улиците: „Исаија Маџоски“, „Ангел Динев“,„Васил Чакаларов“, „Христо Чернопеев“, „Ацо Караманов“, „Виктор Иго“, на булеварите „3-та Македонска бригада“ и „Илинден“,