Македонската композиторка Ана Пандевска ќе има светска премиера на новата композиција под наслов „Carousel“ на програмата на Фестивалот за современа музика во Демолд во Германија, а во изведба на пијанистката Хајди Елзесер.

Пијанистката Елзесер, која живее и твори во Германија, често го промовира македонското творештво на странските сцени.

На 3 октомври, Елзесер ќе одржи соло рецитал на Фестивалот насловен „Бизарни светови“, а во склоп на рециталот  во тесниот избор на дела се најде  и Пандевска со композиција за пијано и трака, која го отсликува карактерот со кој е насловен и самиот овогодишен фестивал. На програмата се и дела од Карло Џезуалдо да Веноса, Мориц Егерт, Костадин Делиниколов, Михаило Трандафиловски.