Компанијата на Џеф Безос ќе гради вселенска станица „Орбитален гребен“

38

Компанијата „Блу Ориџин“, сопственост на милијардерот Џеф Безос, соопшти дека планира да развие комерцијална вселенска станица што ја нарече „Орбитален гребен“, во која ќе учествива и американската компанија „Боинг“.

Во соопштението од компанијата се наведува дека целта е  орбиталната станица да се лансира во втората половина на оваа деценија.

Британските медиуми јавуваат дека партнер во овој проект ќе биде „Sierra Space, кој е дел од Sierra Nevada Corp., а ќе биде поддржан од Redwire Space, Genesis Engineering Solutions и Државниот универзитет во Аризона.

Вселенската станица „Орбитален гребен“ ќе се користи како „деловен парк со э азлична намена“, а проектот планира да обезбеди инфраструктура потребна за зајакнување на економската активност и отворање на нови пазари во вселената, соопштија „Blue Origin“ и „Sierra Space“.

„Искусни вселенски агенции, високотехнолошки конзорциуми, суверени држави без вселенски програми, медиуми и туристички компании, претприемачи, спонзорирани пронаоѓачи и инвеститори кои размислуваат за иднината – сите имаат место на Орбиталниот гребен“, се наведува во соопштението на компанијата.