Колку сте свесни за значењето на нештата што ги подарувате или ги добивате како подарок

1240

Сезоната на слави е на прагот, а додека да трепнете тука ќе бидат и Нова Година па Божиќ, а во меѓувреме, планирани и непланирани родендени – со други зборови, безброј поводи за подарување и разменување подароци. Само претпазливо, секој избор може да носи скриено значење и несвесна порака!

А кога сме кај подароците, можеби треба да знаеме дека поважно од желбите на оние на кои им подаруваме, и од нашите лични желби и блискоста и познавањето на личноста што добива подарок е и значењето на одредени нешта што се подаруваат најчесто, ако за кои многу култури веруваат дека имаат посебно значење.

Едноставно, постојат нешта за кои се верува дека не треба да се подаруваат, бидејќи привлекуваат негативна енергија во животот на оној кому му ги подарувате!

Остри предмети
Ножици, ножеви и други остри предмети се нешта кои како магнет привлекуваат негативна енергија. Можете да ги купувате за себе, ама како подарок за друг, сепак, не.

Огледало
Се верува дека во огледалата се наоѓа заробена магија и дека поради тоа не треба да се купуваат за подарок. Наводно, подарените огледала носат неволји во животот на оној што ги добива како подарок.


Медицински уреди
Мерачи, масажери и куќни терапии не треба да се купуваат ниту да се прифаќаат како подарок, бидејќи се верува дека тие само можат да ви го влошат здравјето.

Садови
Ако сакате да подарите тенџере или сервис шолји за чај или кафе, во секој сад ставете по една паричка. Празните садови носат сиромаштија.

Часовник
Кинеските мудреци веруваат дека прифаќањето на часовник како подарок значи почеток на одбројувањето на смртта. Исто така, тие веруваат дека подарениот часовник предизвикува прекин на односите или оддалечување.

Паричник
Исто како и со садовите, ни паричник не се подарува празен. Ако подарите празен паричник, привлекувате сиромаштија или губење на паричникот, пари, скапоцености…


Бисери
Се верува дека подарените бисери носат болести и загуби во куќата. Бисерите се симбол на солзите на сирачињата и вдовиците, и токму затоа настанало верувањето за подарување бисери.

Шал и шамија
Носат неволји и лоши луѓе во животот на оној што добива ваков подарок.

Претпазливо и со книгите
Можете да ги подарувате на пријатели и роднини, ама не на сопружник. Се верува дека овој подарок во бракот може да привлече неверство.

Суеверни или не, кога купувате подарок за драга личност сетете се на едно – она што се дава од чисто срце и љубов, не може да носи несреќа со себе!