Направете малку поинакви, но вкусни посни бомбици со пиво и ореви. Овие колачи не се како класичните пиварки, иако во својот состав имаат пиво, но вкусот воопшто не им заостанува зад нив.
Нивната подготовка е многу брза, а од состојки потребни ви се:
- 250 мл. пиво
- 250 гр. шеќер
- 200 мл. масло
- 10 гр. прашок за пециво
- 3 шолји брашно
- 2 кеси ванилин шеќер
- 100 гр. ореви
Подготовка:
- Пивото се става во сад со шеќер и ванилин шеќер, да зоврие на оган, додека не се стопи шеќерот.
- Се лади и се додава масло, брашно и прашок за пециво
- Се добива средно тесто (доколку ви е потребно можете да додадете брашно)
- Се формираат бомбици
- Во секоја бомбица се става јатка орев и се редат на тепсија со хартија.
- Се печат на 180 степени,
- Горе по вкус се става шеќер во прав
Уживајте во вкусот!