Кои се симптомите на новиот сој коронавирус?

182

Британски научници истакнаа дека е од клучно значење што е можно побрзо да се препознаат симптомите на инфекција со новиот сој на коронавирус, кој брзо се шири во Велика Британија.

Симптомите се слични на првата варијанта на коронавирусот: висока температура, постојано кашлање, губење на чувството за мирис, но и црвенило и израстоци на јазикот, пренесува британски Експрес.
Симптомите кај заразените со новиот вид на корона може да варираат од екстремно тешки до скоро незабележливи.
Американскиот експерт Ентони Фаучи истакнува дека пациентите можат да почувствуваат отежнато дишење и болка во мускулите и зглобовите дури и откако вирусот ќе го напушти нивното тело.

Во извештајот неодамна објавен во Велика Британија се вели дека постојат „реални можности“ поголема стапка на смртност да е забележана кај заразените со новиот вид на коронавирус.

Иако податоците дефинитивно не потврдија поголема смртност, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека „постојат некои докази дека новиот вид на коронавирус е поврзан со поголема стапка на смртност“, објави Си-Ен-Ен.