Кога ќе ви се случи тоа, ќе видите дека ве е*ат за пари!

194

Шпанскиот кошаркар Алекс Абринес зборуваше за неговото враќање во Барселона и за менталните проблеми со кои се соочил. Тој играше за Барселона пред да се пресели во НБА, од каде што се врати во шпанскиот клуб.

Абринес го истакна влијанието што го имал врз него Расел Вестбрук, со кого играше во редовите на Оклахома.

Менталната болка не може да се види и се третира како повреда на коленото, на пример. Освен ако не сте поминале низ неа, не знаете што се случува. На крајот на денот – парите не се над сè. Сè додека не ви се случи нешто како на мене, нема да знаете дека ве е*ат за пари, опиша Абринес користејќи вулгарни зборови

-Тој е многу добар човек, ми помогна многу, особено во текот на првата сезона. Ние претежно правевме некои патувања заедно – гледавме филмови, одевме на вечера. Кога не бев со тимот, тој ќе ме повикаше, ме покани на вечера. Ми кажуваше што да правам и ме поддржуваше кога размислував да заминам од клубот, откри Абринес за „Мувистар +“.

Дваесет и шестгодишниот Шпанец ја отвори душата зборувајќи за проблемите со менталното здравје.

-Спортистите се обични луѓе кои чувствуваат натпросечен притисок. Лековите можат да помогнат, но на крајот треба да побарате помош од професионалци, да разговарате со семејството и пријателите и да ги прашате за совет. Тоа е различен вид болка. Физичката болка е нешто што го гледате и чувствувате. Менталната болка не може да се види и се третира како повреда на коленото, на пример. Освен ако не сте поминале низ неа, не знаете што се случува. На крајот на денот – парите не се над сè. Сè додека не ви се случи нешто како на мене, нема да знаете дека ве е*ат за пари, опиша Абринес користејќи вулгарни зборови.

Абринс помина три сезони во НБА, запишувајќи 5,3 поени за 16 минути на паркетот. Следната сезона тој ќе работи со Светислав Пешиќ и ќе се обиде да ја нападне титулата во Евролигата заедно со моќната Барселона.