Ковачевски: Кирил и јас сакаме ексел табели, рокови и остварување

43

Премиерите на С. Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков пред почетокот на заедничката владина седница во Софија им посакаа успех на работните групи и посочија дека и двајцата сакаат резултати и остварување.

„Сакам да ви посакам успешна работа, Кирил и јас сме луѓе коишто сакаат ‘ексел’ табели, сакаме рокови и остварување. Ќе бидеме тука и ќе учествуваме во работата на се она што ќе се прави и сакаме барем еднаш неделно работните групи да информираат за напредокот“, рече Ковачевски.

„Кај мене има голема надеж, очекувам денеска да има реални резултати, реални спогодби во секоја од сферите. Верувам дека овој дијалог ќе ги замени национализмот, јазикот на омраза, дискриминација…Сакам да ви посакам добра работа, и сакам да ви порачам дека и во Бугарија и во С Македонија луѓето очекуваат реални резултати“, рече Петков.