Книга: „Љубена“ – моќна и интимна приказна

56

„Љубена“ е еден од најпознатите и најмоќните романи на нобеловката Тони Морисон. Загледан непоколебливо во бездната на ропството, овој фасцинантен роман ја претвора историјата во приказна што истовремено е и моќна и интимна.

„Сета е родена како робинка и успеала да побегне во Охајо, каде што поранешните робови можеле слободно да живеат. Но и осумнаесет години подоцна таа сè уште не е слободна. Во себе носи многу спомени од Свит Хоум, убавата фарма на која ѝ се случиле толку многу грозни работи. Нејзиниот нов дом е прогонуван од духот на нејзиното бебе, кое починало безимено и на чиј надгробен споменик е врежан само еден збор: Љубена“, ќе посочат од книжарницата Полица.