Книга: „Фикција“ – загатката на едно литературно дело

102

Во „Фикција“, авторот Мартин Валзер, во суштина, го брани уметничкото сфаќање дека писателот располага со неограничена, но и лажна креативна слобода што се пројавува само во делата за сметка на општествениот ангажман, постепено зборовите почнуваат да се спротивставуваат на бесцелно насилство врз нив, престануваат да бидат послушни, се распаѓаат и го губат оригиналното значење.

Во „Фикција“ се соочуваме со самовластието на една креативна имагинација што ги слуша само сопствените идеи и не се врзува со никаква објективна заповед или врховна цел.

Во овој текст, Валзер ја разоткрива загатката на едно литературно дело, кое всушност е неодговорно исмевање со уметноста – некаква безвредна вербална игра што се повикува на модерноста, но ја заобиколува вистинската содржина на човечкиот живот.