„Ноќта на зелената самовила“ на Ајфер Тунч е современ роман, пишуван во разговорен стил, во кој на извонреден начин е прикажано колку се безвредни надворешната убавина, интелигенцијата и чистата душа на секој млад човек ако покрај себе нема за пример пожртвувани и добри родители.

Што значи за едно општество основната клетка – семејството. Во овој роман мошне сликовито е прикажана залудно потрошената младост на една убавица, која е свесна за својот промашен живот и која решава да се жртвува докрај, со единствена цел – доколку е можно да им помогне на идните генерации да не бидат жртви на општеството.